Нашата приказна
Се сеќавам добро на баба ми, која живееше на традиционален и природен начин, во едно зафрлено планинско село, исто како што луѓето живееле со илјадници години пред неа. Со своите вредни раце, приготвуваше вкусна и здрава храна во фурната на дрва, која од изделкан камен ја направил дедо ми. И така,... таа едноставна направа, ме маѓепса и до ден денес ме воодушевува со својата генијалност.
Низ историјата многу народи користеле фурни на дрва низ разни делови на светот за подготвување на храна, за што се доказ многуте археолошки наоди.
Уште како дете, уживав да експериментирам со теста, почнав да правам различни видови лебови, пици и сонував да имам своја сопствена фурна. Откако ја добив првата фурна, посакав да помогнам и на други ентузијасти како мене да ги остварат своите соништа и да уживаат во ова интересно хоби... кое на некого може да му стане и професија.
Денес како PIZZA EXPERT, се трудиме да понудиме различни видови на фурни, кои ќе можат на најдобар начин да го доближат традиционалниот начин на готвење во денешниот модерен свет и динамичен начин на живот. Од најмали фурнички за хоби и домашна употреба, погодни за кујна, тераса... до најголеми фурни за големи ресторани, кетеринг и јавни настани. Кај што нема можност за фурна на дрва, истите фурни се изработуваат на плин а некои модели и на електрична енергија. И денес, храната приготвена на традиционалните фурни е со ненадминлив вкус и квалитет, многу подобар од храната приготвена на најновата високо софистицирана технологија за готвење.
Фурна ... тоа значи: вкусна храна, природа, релаксација, задоволство, дружење... .
Придружи ни се и пробај, биди и ти PIZZA EXPERT!
Погледнете ја нашата понуда на фурни за пица на следниот линк.
Предраг Јованчев
Вљубеник во традиционалните фурни и пици (наполитански стил).
Фурна на дрва/гас Alfa forni ONE/NANO
На залиха